Јуниор подобар од Струга за крај на А групата во Суперлигата

Јуниор Кисела Вода славеше над Струга со 21-15 во последниот меч од А групата во ракометната Суперлига. Во мечот во кој немаше на полувреме се замина со нерешен резултат 9-9.

Во второто полувреме домаќините повеќе ја посакуваа победата и стигнаа до триумф од 21-15. Најдобар поединец во победничкиот тим беше Жарко Бајрактаревиќ со шест гола, додека кај поразените Тодор Јаннкуловски го заврши мечот со пет гола.

Од А групата во плеј-офот заминуваат екипите на Охрид, Пролет и Струга, додека во плеј-аутот ќе разигруваат КЛ7, Радовиш, Јуниор и Астраион.

Се вчитува...