Горан Јуриќ ќе остане на чело на Џенова најмалку до крајот на оваа седмица, отако хрватскиот стратег доби последна шанса да си ја спаси работата од страна на претседателот Пречиози.
Иако навивачите и дел од директорите биле за смена на тренерот, Пречиози решил да му даде уште една можност на Јуриќ. Сепак, пораката до него е јасна – триумф во претстојното градско дерби против Сампдорија или отказ. Останува да се види дали хрватскиот стручњак за овој клучен натпревар за него ќе го врати во тимот Горан Пандев, кој беше преселен на клупата за резерви на последните средби од Серија А.
Џенова има само шест бода по првите единаесет средби во италијанскиот шампионат и по поразот од СПАЛ падна на 18. место на табелата. Доколку Јуриќ добие отказ, главен фаворит за негов наследник е Масимо Одо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА