Јута Џез по 35 години добива нов сопственик

Јута Џез по 35 години добива нов сопственик, а се работи за бизнисменот Рајан Смит, пренесуваат американските медиуми. Семејството Милер е сопственик на НБА франшизата од 1986 година, а сега е донесена одлука клубот од Солт Лејк да му биде продаден на Рајан Смит за 1,6 милијарди долари.

„Моето интересирање за НБА не е тајна, исто како и мојата амбиција да ја преземам Јута. Израснав гледајќи го овој тим. Навивав за неа. Јута е наследство на целото друштво“, изјави Смит. 

Смит богатството го оствари водејќи ја компанијата за софтвер „Квалтрикс“, која потоа ја продаде за неверојатни 8 милијарди долари.

 

Се вчитува...