Јута „дрма“ со НБА, Далас не може без Дончиќ, нова доминантна партија на Зион Вилијамсон (ВИДЕО)

Јута продолжува со одличните партии во НБА лигата. Џезерите запишаа нова победа, сега од 126-110, против Мемфис во еден од синоќешните натпревари во најсилната светска кошаркарска лига.

Се на натпреварот беше готово уште по првата четвртина која Јута ја доби со 39-19. Одличен беше Донован Мичел со 35 поени, а имаше поддршка од Џордан Кларксон со 28 поени, како и Руди Гоберт со 16 поени и 14 скока.

Во едно од дербијата на вечерта, ЛА Клиперс славеше против Филаделфија со 122-112, стигнувајќи до петтата едноподруго победа. Најдобар во победничкиот тим беше Каваи Леонард со 28 поени, додека кај поразените се издвои Тобијас Харис со 29 поени.

Далас без Лука Дончиќ гостуваше на Њу Орлеанс запишувајќи пораз од 112-103. Брилјираше Зион Вилијамсон со 38 поени.

Њујорк славеше на гости против Милвоки со 96-102, Хјустон ја победи Минесота со 107-129, а Вашингтон беше подобар од Детроит победувајќи со 106-92.  ЛА Клиперс славеа против Филаделфија со 122-112, додека во неизвесен натпревар Сакраменто трумфираше против Кливленд со 100-98.

Се вчитува...