Јута го демолираше Бруклин, убедлив пораз и на Денвер… (ВИДЕО)

Единаесет натпревари од НБА лигата се одиграа синоќа, од кои во еден најдобриот тим во лигата, Јута го прегази Бруклин со 118-88.

Без Кајри Ирвинг, Џејмс Харден и Кевин Дурант, Бруклин беше лесен залак за Јута која продолжува со одличните игри сезонава.

Донован Мичел ја предводеше Јута со 27 поени, додека кај Бруклин одлична партија одигра човекот кој е на десетдневен договор, Ализ Џонсон. За 33 минути на паркетот запиша 23 поени, дополнети со 15 скока.

Милвоки без Јанис Антедокумбо славеше против Бостон со 121-119. Во отсуство на грчкиот кошаркар, одговорноста ја презеде Крис Мидлтон завршувајќи со 27 поени и 13 скока.

Кај Бостон, Џејлен Браун постигна 24 поени, а Кемба Вокер дополни со 23 поени.

Од синоќешните натпревари треба да се истакна и тешкиот пораз на Денвер од Торонто, од 135-111. Индијана го победи Детроит со 116-111, а Кливленд славеше на гости кај Чикаго со 94-103. ЛА Клиперс убедливо триумфираше на гости против Сан Антонио со 101-134.

Се вчитува...