Масимилијано Алегри се соочува со огромни проблеми околу нападот на Јувентус за утрешното супердерби на гостински терен против Наполи, откако Марио Манџукиќ отпадна од комбинација и воопшто нема да отпатува со остатокот од тимот за Неапол.
Хрватот веќе извесно време влече незгодна повреда, па иако настапи и постигна гол на последниот дуел со Кротоне, сепак сега ќе мора да мирува извесно време. Покрај него, во тимот нема да се најде ниту Германецот Хеведес, кој исто така настапи на последниот дуел со Кротоне во Серија А.
Интересно, на списокот со патници за Неапол се најде Гонзало Игуаин. Иако се најавуваше дека Аргентинецот сигурно нема да настапи против својот поранешен клуб, последните информации велат дека тој забрзано се опоравува по операцијата на раката и би можел да заигра дури и од првата минута против „наполитанците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА