Слатки се маките кога се имаат многу ѕвезди на едно место, но речиси секогаш тоа со себе носи и одреден проблем. Во случајот на Јувентус, тоа се слободните удари, за кои стручниот штаб нема донесено одлука каква ќе биде листата на приоритети за изведувачи.
Лани за ова беа задолжени Дибала и Пјаниќ, но сега ситуацијата е уште покомпликувана, откако во тимот пристигна и Кристијано Роналдо кој секогаш ги изведуваше слободните удари и во Реал Мадрид и претходно во Манчестер јунајтед. Алегри немаше одговор дали Португалецот ќе добие предност пред двајцата асови кои лани постигнаа низа прекрасни погодоци од овие ситуации.
„Едно е сигурно, Роналдо и Дибала се нашите изведувачи на пенали. Слободните удари? Тоа е веќе сериозен проблем, имаме шест-седум играчи кои можат да погодат од таква ситуација“ – изјави Алегри во пресрет на денешното дерби со Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА