Јуве ја доби градската пресметка со Торино, цврсто гази кон нова титула (ВИДЕО)

Јувентус цврсто гази кон новата титула во Серија А откако во 30. коло славеше со 4-1 против Торино во градската дерби пресметка.

„Црно-белите“ победата ја обезбедија уште во првото полувреме со головите на Дибала во 3. минута и Куардадо во 29. минута…, иако во финишот од првиот дел Белоти од пенал намали на 2-1.

 

Во вториот дел само се заокружи тримфот за нови три бода со погодокот на Роналдо во 61.минута и автоголот на Џиџи во 87.минути кои Јувентус се издвои на врвот со седум бода предност од Лацио кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...