Јуве ќе го преименува стадионот – „Алијанц“ арена ќе има и во Италија

Стадионот на Јувентус наскоро може да го смени името во „Алијанц“ арена, откако светски познатата компанија му понуди на клубот 550 милиони евра за долгогодишна соработка.

Домот на италијанскиот шампион е изграден и го носи името на клубот од 2011 година,  но сега раководството сериозно размислува да ја прифати понудата, па така со овој спонзор ќе се приклучат на петте најбогати клубови во светот, а ќе биде веднаш зад Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен.

„Алијанц“ е фирма која долго време е во фудбалската сфера, знаејќи дека соработува со Баерн од 2000 година, а пред три години потпишаа продолжување на соработката до 2041 година, па така фирмата поседува нешто повеќе од 8% од клубот.

Доколку Јувентус ја прифати понудата, ќе стане само третиот клуб во Серија А со стадион именуван според спонзор, „Дачија“ стадионот на Удинезе и „Мапеи“ на Сасуоло се веќе познати во италијанскиот фудбал.

Се вчитува...