Јувентус се соочува со фијаско откако загуби од Фиорентина во претпоследното коло од Серија А и речиси сигурно ќе остане без билет за ЛШ за наредната сезона, што сериозно ќе се одрази и врз буџетот на „старата дама“.
Лучијано Спалети пред нецели два месеци потпиша нов договор со Јувентус, но искусниот стратег веќе имал средба со првиот човек Елкан на кој се понудил да си замине без никаква отштета ако клубот гледа на него како на виновник за слабиот старт на сезоната. Екс-тренерот на Наполи добил целосна поддршка од највисокото раководство на клубот, по што неговото останување веќе не е доведено во прашање.
Заедно со Спалети во клубот ќе остане и легендата Џорџо Кјелини, но цената за слабата сезона се очекува да ја плати директорот Демијан Комоли. Спалети, но и неговиот претходник Тудор не криеја дека се незадоволни од активностите на Комоли на трансфер-пазарот, неисполнетите желби на тренерите кога станува збор за засилувањата, па раководството сега се подготвува за промени на оваа позиција во клубот за следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
