Јуве одлета за Москва, Сари го остави Де Лихт дома

Матијс де Лихт нема да настапи за Јувентус на утрешното гостување против Локомотив Москва откако холандскиот дефанзивец воопшто не отпатува со експедицијата на „старата дама“ кон руската престолнина.

Екс-капитенот на Ајакс го постигна победничкиот гол на градското дерби со Торино, но веднаш потоа се пожалил на болки на левиот зглоб на ногата. Деталните прегледи покажале мало истегнување, но Сари решил да не ризикува, оставајќи го своето најскапо летно засилување во Торино да се рехабилитира за неделното дерби со Милан.

Стратегот на Јуве дополнително ќе реши кој ќе игра крај Бонучи во срцето на одбраната против Локомотив, дали тоа ќе биде Демирал или Ругани.

Се вчитува...