Јуве остана без уште еден првотимец за стартот на сезоната

Се е подготвено за стартот на новата калчолигашка сезона, а Андреа Пирло денеска се соочи со нов сериозен проблем по повредата на уште еден стандарден првотимец.

Станува збор за левиот бек Алекс Сандро, кој го повреди мускулот на ногата и дефинитивно ќе го пропушти првиот овосезонски натпревар против Сампдорија. Дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колку долго бразилскиот дефанзивец ќе отсуствува од терените, но јасно е дека нема никакви шанси тој да се рехабилитира за 48 часа и да може да му биде на располагање на Пирло за премиерниот меч од новата сезона.

Тренерот на Јувентус за овој натпревар нема да може да смета ниту на Дибала и на Де Лихт, како и на Бернардески. Главен проблем останува навалната линија, каде Пирло на располагање го има само Роналдо, Игуаин си замина, Дибала е повреден, а Даглас Коста исто така не е максимално подготвен за настап од 90 минути.

Се вчитува...