Јуве потврди: „Маестро Пирло“ на чело на „старата дама“ до 2022 година

Сега веќе е и официјално – Андреа Пирло е наследникот на Маурицио Сари на клупата на Јувентус откако „старата дама“ преку официјално соооштение потврди дека претседателот Ањели го избрал токму поранешниот ас за нов предводник на „црно-белите“ од Торино, потпишувајќи со него договор до јуни 2022 година.

„Андреа Пирло денеска почнува ново поглавје во својата фудбалска кариера. Од денеска тој ќе биде тренер на сите во Јувентус, откако решивме да му укажеме шанса да работи со првиот тим. Убедени сме дека Андреа го има сето она што е неопходно за да води една одлична и талентирана екипа кон нови успеси“, се вели во соопштението на Јувентус

Пирло како играч мина четири сезони во Јувентус, освојувајќи четири скудета, еден трофеј во Купот на Италија и два во Супер-купот на Италија.

 

Се вчитува...