Јуве реши: Кеан е наследникот на Роналдо

Јувентус ќе ја реши голгетерската криза што настана со заминувањето на Кристијано Роналдо враќајќи го во своите редовите Моисес Кеан, информираат италијанските медиуми.

Станува збор за играч кој своевремено важеше за „италијански фудбалски бисер“ токму по добрите игри во дресот на Јувентус, но Кеан тогаш реши да се пресели во Премиер-лигата, го облече дресот на Евертон, каде воопшто не се снајде. Ланската сезона ја мина во дресот на ПСЖ каде не добиваше премногу често шанса, тогаш кога играше беше сосема солиден, но „светците“ сепак решија да не го откупат неговиот договор.

Добра вест за Јувентус е што Рафа Бенитез воопшто не смета на Кеан и дал зелено светло италијанскиот интернационалец да замине на нова позајмица. Јуве е во преговори со Евертон за двогодишна позајмица, во која би имало клаузула за задолжителен откуп во 2023 годин.

Се вчитува...