Јувентус би го продал Роналдо за 60 милиони евра

Италијанскиот првак Јувентус ја одреди цената за португалскиот ас Кристијано Роналдо. „Старата дама“ би го продала најдобриот фудбалер доколку некој заинтересиран клуб плати 60 милиони евра. Тој има уште две години од договорот со клубот, а во февруари ќе наполни 36 години. Оваа сума во моментот би можел да ја плати само Пари Сен Жермен, кој бара адекватна замена за Уругваецот Единсон Кавани кој по седум години го напушти „Паркот на принцовите“.

Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, изјави дека нема „недопирливи“ фудбалери, а на трансфер-листа е и Пауло Дибала кој побара неверојатни 20 милиони евра по сезона за да го продолжи договорот со италијанскиот клуб.

Се вчитува...