Јувентус демантира дека се повлекува од европската Суперлига – барем засега!

Јувентус демантира дека се повлекол како клуб од проектот за европската Суперлига – барем засега, соопштија од италијанскиот клуб по информациите објавени во медиумите дека испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона во кое ги известиле за нивното повлекување.

Италијанските медиуми вчера објавија дека „црно-белите“ од Торино дефинитивно се повлекле за што и ги информирале Реал Мадрид и Барселона.

Но, набрзо околу тие шпекулации се огласија и од Јувентус потенцирајќи дека нема конечна одлука за повлекување од тој проект, но почеток на еден процес со продолжување на разговорите со сите страни околу евентуално повлекување кое засега не е опција.

„Јувентус ќе продолжи со комуникации кои се должни според законот по исходот од дискусиите и проценките (во врска со потенцијалното излегување). Голем дел од информациите објавени од медиумите за содржината на комуникацијата (вклучително и наводни закани за потенцијални санкции од страна на УЕФА) не се вистинити“соопштија од клубот.

Како што е познато, на почетокот на 2021 година, 12 европски фудбалски гиганти најавија формирање на Суперлигата, која наводно сметаат дека може да биде пандан на Лигата на шампионите. Овој потег пропадна во рок од 48 часа после критиките на навивачите и играчите кои ги принудија Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Тотенхем, Арсенал, Милан, Интер и Атлетико Мадрид да се повлечат.

Се вчитува...