Јувентус го бара Погба на позајмица во јануари

Јувентус не се откажува од намерата за ангажман на Пол Погба, а италијанскиот првак планира да се обиде да го доведе францускиот ас веќе во јануарскиот преоден рок. Погба е стартер во Манчестер јунајтед, но игрите му се далеку од посакуваното ниво, а не е надминат ниту конфликтот со Жозе Мурињо. Неговиот агент Мино Раиола веќе разговара со заинтересираните клубови, па иако сериозен интерес стигнува и од Барселона во таборот на Јуве се оптимисти дека ќе успеат да излезат како победници од оваа трка.

Имено, „старата дама“ е подготвена да почне преговори со Јунајтед, и тоа за позајмица во јануари вредна 20 милиони евра, при што Јуве би имал подготвени и 70 милиони евра за во текот на летото целосно да го откупи неговиот договор со најтрофејниот англиски клуб. „Ѓаволите“ го проценуваат големиот ас на 130 милиони евра, но во ситуација кога ниту еден од заинтересираните клубови не даде ниту приближна понуда останува да се види колку сега ќе биде спуштена оваа сума.

Клучно за трансферот ќе биде и дали Жозе Мурињо ќе остане на чело на Манчестер јунајтед во јануари, бидејќи доколку Португалецот си замине новиот стратег би можел да инсистира на заминување на Погба, a и самиот фудбалер би го променил ставот за заминување доколку „специјалниот“ веќе не се наоѓа на клупата на „ѓаволите“.

Се вчитува...