Јувентус го доби спорот за името и грбот со романскиот клуб Јувентус Букурешт

Романскиот прволигаш Јувентус Букурешт ја прифати жалбата од италијанскиот гигант Јувентус за промена на името и грбот на клубот поради копирање на брендот. Клубот од Букурешт кој е формиран во 1992 година го присвои името на италијанскиот првак и при тоа го додаде името на градот од кој потекнува, додека со минимални промени го копираше и грбот на Јувентус кој им стоеше на дресовите до минатата сезона.

„Постоеше клуб Јувентус Букурешт пред Втората светска војна кој своевремено згасна, па овие момци решија да го превземат името и да создадат нов клуб врз таа основа. Мислам дека на никој не му сметаше да се викаат така бидејќи тие се мал клуб со мал број на навивачи. На овој потег романската федерација не реагираше, всушност им се допадна идејата, бидејќи угледот на Јувентус (Букурешт) е на ниско ниво. Големо изненадување е што тие воопшто обезбедија промоција во првата лига, неочекувано и многу големо достигнување за овој клуб. Не знам зошто токму сега Јувентус реши да реагира. Можеби токму сега откако Јувентус Букурешт играат во првата лига на Романија, дознаа за овој клуб дека го користи нивното име и грб, па со цел да се избегне конфликт на брендовите се превземени овие мерки“, изјави романскиот новинар Емануел Росу за италијанските медиуми.

Овој млад клуб oваа сезона за прв пат во историјата се пласираше во првата лига на Романија, а веќе од следната сезона ќе биде со ново име и ново грб. Раководството одлучи да го смени името во Колентина, а дизајнот на новиот грб одново се базира на основа на новото лого на Јувентус.

collagenovidupliJuve

Се вчитува...