Јувентус го купува Белерин следното лето?

Италијанскиот првак Јувентус има јасна намера да ја засили десната бековска позиција. По заминувањето на Дани Алвеш, тренерот Масимилијано Алегри чувствува дека му недостига квалитетен играч за десната странична позиција. Иако „старата дама“ го купу Матија Де Шилјо, а го има и искусниот Стефан Лихтштајнер, сепак на Алегри му е јасно дека потребен му е експлозивен фудбалер кој ќе може полесно да создава проблеми на противничката одбрана.

Хектор Белерин е „пикот“ на Јувентус за десната бековска позиција и раководството на клубот е подготвено да понуди 30 милиони евра за неговите услуги. Неговото име се споменуваше и како можно засилување за Барселона и за Манчестер сити во изминатиот летен преоден рок, но Белерин остана во Арсенал, а овие ривали ги пополнија позициите со други решенија.

Се вчитува...