Јувентус го „мерка“ дефанзивецот на Аталанта

Се подготвува голем ремонт во редовите на Јувентус, а тимот ќе се засилува на сите позиции ова лето. Од голманската до напаѓачката, тимот од Торино ќе добие сосема нов лик, со цел да се врати на шампионските патеки.

Ако трансферот на голманот Алисон е пред реализација, сега Јувентус сака да ја засили одбраната со еден од најдобрите дефанзивци во Серија „А“ и член на Аталанта, Џорџо Скалвини.

Јуве во Скалвини гледа како идеален стопер со кој ќе ја зацврсти дефанзивата, и ќе стигне до старите шампионски патеки. 22-годишниот дефанзивец има договор со Аталанта до 2028 година, а Јуве се надева дека за 35 милиони ќе успее да го убеди тимот од Бергамо да го пушти да направи трансфер.

Се вчитува...