Јувентус го продава Алекс Сандро?

Италијанскиот првак Јувентус одлучи да го продаде бразилскиот интернационалец Алекс Сандро. Иако се работи за исклучително квалитетен фудбалер кој настапува на левата странична позиција, сепак, неговата недисциплина е најверојатно причината за ваквата одлука на раководството на „старата дама“.

Алекс Сандро не беше во составот на вчерашното дерби против Наполи што Јувентус го доби со 0-1, со голот на Гонзало Игуаин, а тоа дополнително ги подгреа шпекулациите за негово заминување. Потоа се огласи и првиот оперативец, Бепе Марота.

„Многу пати имам повторено дека кога фудбалерот сака да биде продаден, без разлика на престижот или неговото значење во тимот, ние му излегуваме во пресрет. Доколку играчот е незадоволен, подобро е да го пуштите да си замине“, изјави Марота.

Челси е клубот што покажува најголем интерес за Алекс Сандро. Јувентус ја одби нивната понуда вредна 70 милиони евра минатото лето, но сега повторно ќе отпочнат преговори за трансферот на Бразилецот на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...