Јувентус го продолжува договорот на Матуиди до 2021 година

Италијанскиот првак Јувентус размислува да го продолжи договорот на Блес Матуиди до јуни 2021 година. Разговорите меѓу раководството и фудбалерот се веќе започнати и тој добил понуда за да остане уште една сезона во Торино. Актуелниот договор на Французинот му истекува на крајот од сезоната, но Маурицио Сари сака да го задржи уште една година, додека не пронајде адекватна замена во средниот ред.

Јувентус го доведе Адриен Рабио како освежување во маневарот, меѓутоа тој не се снајде најдобро и бара можност да си замине во клуб каде ќе има поголема минутажа. Првата опција на Јувентус е враќањето на Пол Погба, но тој трансфер е секако сложен за реализација и ќе се случи најрано во јуни. Токму затоа „старата дама“ сака да го има Матуиди до 2021 иако во април ќе наполни 33 години.

Се вчитува...