Јувентус го совлада Милан за полуфинале во Купот на Италија

Јувентус се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако во Торино го совлада Милан со 2-1. Следен ривал на тимот што го предводи Масимилијано Алегри ќе биде Наполи во битката за влезе во финалето.

Пауло Дибала уште во десеттата минута донесе водство за „старата дама“, а Миралем Пјаниќ зголеми на 2-0 во 21.минута од мечот. Сепак, Милан не се предаде така лесно.

На стартот од вториот дел, Карлос Бака намали на 2-1. Но, само една минута потоа следеше исклучување за Мануел Локатели, па „росонерите“ со играч помалку немаа сили да стигнат до израмнување и доживеаја елиминација од Купот.

All Goals & highlights HD – Juventus 2-1 Milan… by Live1Goals

Се вчитува...