Јувентус и Интер во трка за Заниоло

Јувентус и Интер се во трка за шампионската титула во Серија А, но водат „војна“ и за суперталентираниот фудбалер на Рома, Николо Заниоло. „Нероаѕурите“ увидоа дека направија голема грешка со Заниоло кого го испратија во Рим како дел од пакетот за трансферот на Раџа Наинголан во 2018 година, а потоа тој блесна во полн сјај и се промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери на Апенините. Сега Интер го нуди назад Наинголан во Рома и дополнителни 60 милиони евра за да го врати назад на „Џузепе Меаца“.

Јувентус исто така има сериозна понуда до Рома за да го купи Заниоло. „Старата дама“ е подготвена да ги испрати Федерико Бернардески, Кристијан Ромеро кој е купен, но и оставен на позајмица во Џенова, и дополнителна сума пари.

Водечките италијански клубови имаат дополнителна конкуренција за трансферот на Николо Заниоло и во англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Се вчитува...