Јувентус веќе ја активираше откупната клаузула на голманот Микеле Ди Грегорио . Според информациите, тимот од Торино го купил голманот од Монца , кој досега ги имаше неговите права.
Досега 27-годишниот чувар играше во Јуве како позајмен од Монца. Летото Торино плати 4,5 мил. за неговата позајмица, со тоа што договорот има откупна клаузула вредна 13,5 мил. евра, плус уште 2 во форма на бонуси. Токму оваа сума ја платија „бјанконерите“ за целосно стекнување на правата на Ди Грегорио, откако раководството и тренерот Мота се задоволни од неговите изданија сезонава.
Откако пристигна на стадионот на Јувентус, Ди Грегорио настапи доста успешно. Досега одигра 28 натпревари на сите турнири, на кои прими 24 гола и забележа 12 чисти мрежи. Договорот на Ди Грегорио со Јувентус ќе биде до 2029 година, со плата од 2,2 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА