Поразот што го доживеа Јувентус во Мадрид против Реал ја продолжи серијата на торинскиот клуб без победа на дури седум последователни натпревари. Тимот под водство на хрватскиот тренер Игор Тудор, поминува низ тежок период во кој резултатите и играта не инспирираат оптимизам.
По два последователни порази, од Реал Мадрид во Лигата на шампионите и од Комо во Серија А, „Старата дама“ сега е во најдолгата серија без победа од сезоната 2008/09. Во тоа време, под водство на Клаудио Раниери, Јувентус одигра осум натпревари без триумф, постигнувајќи шест нерешени резултати и два порази помеѓу април и мај 2009 година.
Јувентус моментално е на седмото место во Серија А со 12 бода, четири помалку од лидерот Милан.
Во Лигата на шампионите ситуацијата не е ништо подобра – по три одиграни кола, тие имаат само два бода, што ги сместува во долната половина од табелата во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

