Јувентус „ја среди“ и Специја за трета победа во низа

Јувентус ја продолжи победничката низа на три триумфи едно по друго во Серија А откако во 23. коло славеше на гостински терен кај Специја со 0-2. До победа „старата дама“ ја предводеа Кин со гол во 32. минута и Ди Марија кој стрелаше во 66. минута.

Со оваа победа Јувентус се искачи на седмото место на табелата, додека Специја по 12. пораз во сезоната продолжува да стравува за опстанок со само два бода повеќе од местата кои водат до релегација.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...