Италијанскиот првак Јувентус сака да се осигура во случајот на Пауло Дибала и подготвен е да му понуди нов договор, во кој ќе има и стриктна клаузула за обештетување доколку сака да го напушти клубот. Клаузулата треба да изнесува 230 милиони евра.
Аргентинецот игра одлично на стартот од новата сезона, и апсолутно ја оправдува довербата што му ја укажа клубот, да ја носи „десетката“ која во минатото беше сопственост на Алесандро Дел Пјеро или Мишел Платини. Дибала постигна 11 гола и забележа две асистенции на 11 мечеви од новата сезона во Серија А. Токму затоа и „старата дама“ сака да му понуди нов договор, со важност до 2022 година, но и голема отштетна клаузула.
За 23-г0дишниот фудбалер се интересираат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, како и Пари Сен Жермен и Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА