Јувентус ќе приговара за казната и одземањето на бодови

Јувентус потврди дека ќе поднесе приговор до Спортскиот Суд на Олимпискиот Комитет на Италија за одлуката на Судот при Фудбалската Асоцијација на Италија кој реши да ја казни „старата дама“ со бришење на огромни 15 бода за финансискиот скандал поради неисплатени примања до играчите.

Скандалот беше обелоденет откако дел од фудбалерите јавно си ги побараа парите што им беа ветени за време на коронавирусот, а по деталната истрага беше утврдено дека договори со ветениот поврат не постојат никаде во јавната документација на најтрофејниот италијански клуб.

Како потсетување, покрај клубот казна за вршење на дејност добија и директорот Паратичи кој беше казнет со забрана за вршење на фудбалска дејност во следните 2,5 години, Ањели кој нема да може да биде во фудбалот во наредните две години, како и Павел Недвед кој доби забрана од осум месеци.

Се вчитува...