Јувентус најзагреан за Кутињо

Бразилецот Фелипе Кутињо дојде како големо засилување за Барселона од англискиот премиерлигаш Ливерпул, но не ги исполни очекувањата. Неговиот трансфер беше екстремно скап, а тој не успеа да се наметне доволно во составот на Ернесто Валверде. Токму затоа и каталонскиот гигант планира негова продажба по завршувањето на сезоната.

Британските медиуми најавуваат дека Кутињо би можел да се врати на Островот, но во тимот на Манчестер Јунајтед. Сепак, засега нема официјална понуда од „Олд Трафорд“. Назаграен за услугите на одличниот играч за врска е италијанскиот првак Јувентус. Раководството на „старата дама“ планира нов голем трансфер ова лето, откако минатото успеа да го доведе Кристијано Роналдо во Торино. Проценките се дека Барселона ќе се согласи на трансфер доколку пристигне понуда од 120 милиони евра.

Се вчитува...