Јувентус настрада во Мадрид, Сити и со десетмина го порази Шалке

Атлетико Мадрид го совлада Јувентус со 2-0 на „Ванда Метрополитано“ и обезбеди одлична предност пред реванш осминафиналниот дуел од ЛШ кој ќе се одигра во Торино. Дефанзивците Хозе Хименез и Диего Годин во второто полувреме беа стрелци на головите за шпанскиот тим. Претходно, Диего Коста и Антоан Гризман имаа одлични шанси, а Алваро Мората постигна погодок кој по прегледување на ВАР-снимката не беше признат поради прекршок над Кјелини.

Манчестер Сити прв поведе, а и на крајот со десетмина играчи се радуваше на триумф (2-3) во Гелзенкирхен. Сепак, Шалке 04 водеше на полувремето со 2-1 во натпреварот со многу возбудувања, и со црвен картон за Николас Отаменди.

Серхио Агуеро во 18.минута донесе водство за англискиот тим, а Набил Бенталеб со два гола од пенал направи пресврт до полувремето. Но, во вториот дел, Лирој Сане и Рахим Стерлинг во последните пет минути од мечот донесоа победа за Манчестер Сити, по што „граѓаните“ се многу блиску до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...