Ангажманот на италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза е приоритет за Јувентус во претстојниот преоден рок, а „старата дама“ е подготвена да испрати четири свои фудбалери само за да ја убеди Фиорентина на продажба на одличниот офанзивец.
Јувентус важи за најомразен ривал на Фиорентина со децении наназад, па токму затоа на „црно-белите“ им е јасно дека ќе мора да дадат се од себе ако сакаат да го доведат Киеза во својот табор. Голманот Матија Перин, кој беше испратен на позајмица во Џенова, е голема желба на „виолетовите“, па Јуве сигурно ќе го испрати овој чувар на мрежата во „пакет-понудата“ за Киеза. Покрај Перин, во понудата ќе бидат вклучени и дефанзивците Ромеро, Пелегрини и Ругани, уште тројца фудбалери на кои Сари не смеат сериозно, но кои заедно со Перин имаат вкупна вредност од над 60 милиони евра.
Ако размената се реализира, Фиорентина би направила „ремонт“ во одбранбената линија, а потоа би ги продала голманот Драговски и дефанзивецот Максимовиќ за над 50 милиони евра, пари што потоа би биле инвестирани во нов офанзивец.
За услугите на Киеза се интересира и Интер, но во таборот на Јувентус се оптимисти дека ќе го убедат италијанскиот репрезентативец да ја прифати нивната понуда, доколку успеат да најдат заеднички јазик со Фиорентина околу висината на отштетата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА