Јувентус обвинет: Победува затоа што го контролира ВАР системот

Јувентус повторно се соочува со обвиненија врзани за местење натпревари. Новиот директор на Раи 2, Крло Фречеро го обвини Јувентус дека го контролира ВАР системот со што сериозно влијае на судиските одлуки.

Фречеро предизвика лавини реакции со својот коментар на прес-конференција закажана околу збогатување на фудбалската содржина на телевизијата.

„Ја следам единствено Премиер лигата. Зошто? Затоа што во Италија секогаш победува само Јувентус. Тие го окупирале ВАР системот кој комплетно го контролираат и маневрираат со него. Тоа е иритирачки. Напред Рома“ – порача на општза зачуденост на новинарите присутни во салата.

Италијанските медиуми, по сето тоа, пишуваат како е нејасно дали Фречеро целеше на судиите кои се во кабините задолжени за ВАР, или на самата видеотехнологија.

Се вчитува...