Јувентус одби 60 милиони евра за Пјаниќ

Јувентус останува на ставот дека Миралем Пјаниќ вреди најмалку 100 милиони евра, па „старата дама“ без многу размислување ја одби понудата од 60 милиони евра која за босанскиот интернационалец ја испрати Реал Мадрид. „Кралевите“ очигледно планираат засилување за средниот ред, иако се споменуваше Тијаго Алкантара првиот конкретен потег го повлекоа за Пјаниќ, но ставот на италијанскиот првак е дециден.

Претходно интерес за овој фудбалер покажаа и Барселона, Челси и Манчестер сити, но ниту еден од овие клубови не сака да плати 100 милиони евра за Босанецот. Во тек се преговорите за нов договор меѓу Јувентус и Пјаниќ, со што платата на овој фудбалер би се кренала од 4,5 на 6,5 милиони евра по сезона, а тој би потпишал за „старата дама“ до 2023 година.

Се вчитува...