Јувентус одмори едно полувреме, па го победи Кротоне

Италијанскиот првак Јувентус оствари рутинска победа на домашен терен против Кротоне, совладувајќи го со 3-0. Тренерот Масимилијано Алегри одмори дел од првотимците, а тоа се почувствува во првиот дел од натпреварот, кој заврши без голови.

Сепак, „старата дама“ имаше целосна контрола, па го засили темпото во ввторото полувреме. Марио Манџукиќ го донесе водство во 52.минута, Де Шилјо зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Бенатија.

Јувентус сега се наоѓа на третата позиција со 34 освоени бода, четири помалку од лидерот Наполи, и два помалку од второпласираниот Интер.

Се вчитува...