Јувентус победи во трката по бразилското „чудо од дете“

Јувентус излезе како победник од трката по Кајо Жорге, бразилскиот суперталентиран голгетер кој настапува за тимот на Сантош. За услугите на овој 19-годишен фудбалер сериозен интерес покажуваше Тотенхем, Бенфика ги имаше договорено условите за трансфер со Сантош, но на крајот пресуди желбата на самиот голгетер кариерата да ја продолжи во дресот на Јуве.

Неговиот договор истекува на крајот од годинава, па Јувентус ја искористи можноста да потпише преддоговор со Бразилецот и да го осигура неговото доаѓање во клубот. Кајо во јануари без никаква отштета ќе може да пристигне на Апенинскиот полуостров, но се очекува во наредниот период да се интензивираат преговорите за Јуве веќе летово да го откупи неговиот договор за минимална отштета, за младиот Бразилец веднаш да му биде на располагање на новиот тренер Алегри.

Масимилијано Алегри ги има на располагање Роналдо, Дибала и Мората како напаѓачи за наредната сезона, а Кајо Жорге би бил идеална четврта опција, млад играч што би напредувал низ тренинзите со првиот тим и што нема да инсистира на преголема минутажа во својата дебитантска сезона во Јуве.

Се вчитува...