Јувентус поради неиграње во ЛШ ќе мора од продажба да заработи 130 милиони

Јувентус зад себе има сезона за ззаборав. И покрај тоа што „Старата дама“ држеше чекор со шампионот Наполи, сепак, поради кршењето на финансиските правила, на тимот од Торино му беа одземени па вратени бодови, за конечно на крајот да остане без 10 бодови, што значеше и неможност да се игра во Лигата на шампионите.

Без санкциите, Јувентус сега ќе беше третопласиран и другата сезона ќе играше во ЛШ, а вака сега ќе мора да се откаже од некои од ѕвездите, за клубот да „преживее“ финансиски со оглед дека ќе остане без големите пари кои го носи пласманот во европската елита.

„Газета“ тврди дека Јувентус ќе мора да продаде дел од своите играчи, и тоа да заработи меѓу 120 и 130 милиони евра. Тоа значи дека Влаховиќ и Киеза веројатно ќе се најдат први на трансфер листата. За нивните услуги најзагреани се Челси, односно Ливерпул.

Се вчитува...