Јувентус последен полуфиналист во Копа Италија (ВИДЕО)

Јувентус е последниот патник во полуфиналето на најмасовното италијанско фудбалско натпреварување Копа Италија, откако во четвртфиналниот дуел вечерва на домашен терен славеше над Лацио со минимални 1-0.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 44. минута кога победничкиот погодок за „старата дама“ го постигна Бремер. Избраниците на Масимилијано Алегри во полуфиналето ќе се сретнат со големиот ривал Интер. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Кремонезе и Фиорентина.

Juventus [1] – 0 Lazio – Gleison Bremer 44’ from soccer

Се вчитува...