Јувентус преку Рома до полуфинале во Купот на Италија

Италијанскиот првак Јувентус ја совлада Рома со 3-1 и обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Италија. Таму ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Милан и Торино.

Кристијано Роналдо ја доведе „старата дама“ во водство во 26. минута, Родриго Бентанкур зголеми на 2-0 во 38.минута, а пред самиот крај на првиот дел Леонардо Бонучи постигна трет гол. Победникот практично беше решен, а во вториот дел Буфон не можеше да реагира при ударот на Ченгиз Ундер за конечни 3-1.

Се вчитува...