Кристијано Роналдо денеска треба да го одржи првиот тренинг во дресот на „старата дама“, но раководството на Јувентус работи напорно за да доведе уште едно огромно засилување. Французинот Пол Погба би можел да се врати во Торино, откако претходно направи рекорден трансфер токму од Јувентус во Манчестер јунајтед. Тренерот Масимилијано Алегри го посакува францускиот интернационалец во својот тим, но за тоа ќе треба да бидат исполнети неколку услови.
Италијанскиот првак ќе мора да го намали фондот на фудбалери и да продаде дел од играчите од актуелниот погон. За да дојде Погба, ќе треба да биде продаден Миралем Пјаниќ. Интерес за босанскиот интернационалец постои од ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона. Од Јувентус се очекува да заминат и Гонзало Игуаин, Даниеле Ругани и Матија Калдара, а можна е и размена со Милан, за Леонардо Бонучи да се врати во Торино.
Погба би можел да дојде и како позајмен играч од Јунајтед за претстојната сезона. Во таков случај, Јувентус ќе треба да плати околу 15 милиони евра за едногодишна позајмица на Французинот, со обврска наредното лето да доплати уште 100 милиони за целосно откупување на неговиот договор со „ѓаволите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА