Јувентус сака да го купи Хамес Родригез

Италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус сака да го купи Хамес Родригез. Статусот на Колумбиецот во Баерн Минхен каде што настапува веќе втора сезона како позајмен од Реал Мадрид е комплетно нејасен.

Во минатата сезона тој имаше одлични партии во дресот на Баерн, но во актуелниов шампионат има само 19 натпревари и се мачи со повреди. Баварскиот тим уште не одлучил дали ќе го искористи правото на предност за купување на Родригез по завршувањето на оваа сезона.

Јувентус сака да ја искористи празнината и да почне преговори со колумбискиот напаѓач.

Се вчитува...