Јувентус сака да го задржи Кристијано до 2024 година

Кристијано Роналдо и на 35-годишна возраст е напаст за противничките дефанзивци, на 32 натпревари сезонава има постигнато 25 гола и четири асистенци, па неслучајно челниците на Јувентус инсистираат на почнување преговори за продолжување на соработката.

Актуелниот договор на Португалецот истекува во јуни 2021 година, но претседателот Ањели е подготвен да му понуди нов тригодишен договор, со што Кристијано би останал дел од „старата дама“ до 39-годишна возраст. Здравиот живот што го води му овозможува на Роналдо да продолжи да игра на највисоко ниво, а во таборот на Јуве се оптимисти дека токму со него како предводник тимот конечно ќе ја оствари големата желба – кревање на трофејот во Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо пристигна во Јувентус од редовите на Реал Мадрид во мегатрансфер вреден 100 милиони евра, откако три години по ред стануваше европски првак со „кралскиот клуб“.

Се вчитува...