Јувентус со рекордна заработка од 5,5 милиони евра за мечот со Атлетико Мадрид

Покрај победата над Атлетико Мадрид и пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите, челниците на Јувентус имаат причина за задоволство и на финансиски план. Од продажбата на билетите за мечот со Атлетико, Јувентус доби заработка од 5,5 милиони евра, што е нов клупски рекорд.

Претходниот рекорд беше поставен на мечот против Манчестер Јунајтед во рамки на групната фаза, кога заработувачката беше 5 милиони евра.

Италијанскиот гигант натпреварот го доби со 3-0 благодарејќи на хет – трикот кој што го постигна Кристијано Роналдо.

Се вчитува...