Јувентус според планот, Рома се „сопна“ против Сампдорија

Јувентус ја зголеми својата предност во однос на Рома по денешните натпревари од Калчо-лигата откако „старата дама“ триумфираше на гостувањето против Сасуоло, додека „волчицата“ загуби во пресметката со Сампдорија.

Офанзивниот пристап на Јувентус и формацијата со Дибала, Игуаин и Манџукиќ во стартниот тим вроди со плод против Сасуоло, па избраниците на Алегри уште во првото полувреме си ја осигураа победата од 0-2. Игуаин го најави триумфот со погодок на асистенција на Сандро, додека конечните 0-2 ги постави Сами Кедира.

Sassuolo – Juventus 0-1 Gol Gonzalo Higuain del… by tang-lang-viaggiSami Khedira Amazing Goal HD – Sassuolo 0-2… by jason-pitt1

Рома два пати водеше на гостувањето во Џенова, но на крајот Сампдорија беше тимот што се радуваше на победата (3-2). Перез и Џеко беа стрелци на головите за „волчицата“, но улогата на трагичар му припадна на Наинголан, кого го удри топката по слободниот удар на Муриел и го измами голманот Шчешни при третиот погодок за Сампдорија.

All Goals Highlights HD 3-2 by lifefootball

Предност денеска прокоцка и Милан, „росонерите“ поведоа со 0-1 на гостувањето против Удинезе, но потоа примија два гола и избраниците на Винчено Монтела без ниту еден бод се враќаат назад во Милано.

Џенова освои значаен бод на гостувањето против Фиорентина (3-3). Горан Пандев влезе во игра во 52. минута при водство на домаќините од 2-0 и внесе живост во играта на Џенова. Симеоне постигна два гола, а Тарабт беше еднаш прецизен во големиот камбек на оваа екипа против силниот состав на „виолетовите“ од Фиренца.

Резултати Италија:

Торино – Аталанта 1-1, Калјари – Болоња 1-1, Сасуоло – Јувентус 0-2, Фиорентина – Џенова 3-2, Кротоне – Емполи 4-1, Удинезе – Милан 2-1, Сампдорија – Рома 3-2.

Се вчитува...