Јувентус не се откажува од Марсело

Италијанскиот првак Јувентус сака да купи уште еден важен дел од составот на европскиот првак Реал Мадрид, подготвувајќи 50 милиони евра за да го доведат во Торино левиот бек Марсело. Бразилскиот интернационалец повеќе од една деценија е дел од „кралскиот клуб“, но очигледно дека постои одреден анимозитет меѓу него и новиот тренер Хулан Лопетеги. Тој беше повлечен од игра во 60.минута на дуелот против Џирона, а самиот фудбалер изјави дека нема поим зошто е заменет.

Ова сака да го искористи Јувентус и после Кристијано Роналдо да го доведе и Марсело. Тие двајца се одлични пријатели, па дури и одлуката на Португалецот би можела значително да влијае и Марсело да се пресели во Италија.

Јувентус без проблеми би ја покрил оваа сума со продажбата на Алекс Сандро, кој за сума од околу 60 милиони евра би можел да биде продаден во Манчестер јунајтед или ПСЖ.

Се вчитува...