Јувентус во проблеми: Дибала не прифаќа нов договор под 15 милиони евра

Јувентус активно бара начин како да го врзе Пауло Дибала со нов договор, се разбира под подобри финансиски услови. Аргентинецот има актуелен договор со клубот до 30. јуни 2022 година поради што Јувентус сега бара можност за продолжување.

Италијанскиот шампион на Дибала му нуди договор од осум милиони евра годишна плата плус бонуси, но Дибала бара дури 15 милиони евра. Јувентус, според последните информации, не е подготвен да одговори на тоа барање.

Токму поради тоа се поизвесен е и трансферот на Дибала во Реал Мадрид како дел од пакет во кој, пак, во Јувентус би се преселиле Иско или Тони Крос.

Се вчитува...