Јувентус води 1-0: Рамзи го најде патот до мрежата на Интер

Јувентус прв стигна до предност на големото дерби против Интер, откако Арон Рамзи го најде патот до мрежата на Самир Хандановиќ, нешто што во првото полувреме не им успеа на неколку негови соиграчи.

Матуиди одлично втрча по левата страна и одигра повратна топка до Роналдо, Португалецот не се снајде најдобро, но на вистинското место се најде велшкиот интернационалец, кој веднаш шутираше и го совлада гостинскиот чувар на мрежата.

Се вчитува...