Каде беше „атомскиот напад“: Сити немаше шут во гол на „Енфилд“

Манчестер сити допатува во Ливерпул како тим што игра атомски офанзивен фудбал и лесно создава шанси пред голот на противникот. Сепак, „граѓаните“ делуваа загубено во пеколната атмосфера на „Енфилд“, па не само што не постигнаа гол, туку уште попоразителен е податокот дека за 90 минути игра немаа ниту еден единствен удар во рамките на голот на Кариус.

Статистиката вели дека избраниците на Гвардиола упатија вкупно 11 удари, од кои шест беа непрецизни, пет од нив беа блокирани, па Кариус немаше потреба од интервенција во текот на сите 90 минути.

Последен пат вакво нешто му се случило на Манчестер сити на 26 октомври 2016 година, на дуелот од лига-купот против Манчестер јунајтед.

Се вчитува...