Каде ќе заминат „вардарци“: Дибиров е најблиску до Брест, Шишкарев до Кјелце…

Ракометарите на Вардар се подготвуваат за пресметките со Пик Сегед, но истовремено кројат и планови за своите идни ангажмани откако првиот човек на клубот најави дека ќе се повлече на крајот од сезонава. Руските медиуми најавуваат дека тоа ќе значи и крај на „руската колонија“ во Вардар, па ракометарите од оваа земја веќе добиле неколку интересни понуди.

Најзвучно име од Русите во Вардар дефинитивно е Тимур Дибиров, а левото крило на „црвено-црните“ моментно е најблиску до преселба во Брест Мешков. Десното крило Данил Шишкарев исто така има интересни понуди, од кои најсериозен е повикот добиен од полскиот првак Кјелце. Дмитри Киселев и Глеб Калараш веќе имаат контактирано со Мотор Запорожје, но одлуката ќе биде донесена по завршувањето на сезонава, како што информират медиумите во Русија.

Голманот Дејан Милосављев се споменува како опција за наследник на Хајневетер во Фуксе Берлин, Игор Карачиќ веќе потпиша договор со Кјелце, додека Криштопанс својата кариера ја продолжува во таборот на ПСЖ.

Се вчитува...