Кадетите ги привршуваат подготовките за ЕП 2026

Машката кадетска репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство 2026.

По реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, како и двата контролни натпревари против селекцијата на Грција во Скопје, нашите кадети денеска во хотел „Русија“ ги реализираат последните подготовки пред заминувањето за Белград.

Репрезентацијата утре патува за Србија, каде во рамките на групната фаза ќе се соочи со селекциите на Словенија, Франција и Шведска.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

29 јули – 12 часот Словенија – Македонија

30 јули – 12 часот Франција – Македонија

1 август – 12 часот Македонија – Шведска

Се вчитува...